• Горан Упале
Фудблаерите на Челзи одново разочараа, затоа што не успеаја да го совладаат ниту еден од најслабите екипи во Премиер лигата. На гостувањето во југот на Англија, „сините“ одиграа уште еден натпревар под своите очекувања и можности и ремизираа со новајлијата Борнмут (0-0).
- Извештај од натпреварот:
„Сините“ од Лондон во овој меч влегоа како благи фаворити, но на терен не го докажаа тоа. Имаше шанси и пред двата гола, а статистиката забележа вкупно 27 удари и вистинско чудо е што не видовме гол.
Челзи имаше добри прилики преку Џексон и Стерлинг, додека за „црешите“ најголемите шанси ги испуштија Соланке и Билинг. На крајот од натпреварот имаше неколку возбудувања пред двата гола, но Нето и Санчез беа на висина на задачата меѓу стативите.
Челзи сега е на 14-та позиција со пет бода и продолжува со лошиот почеток на сезоната. Борнмут пак една позиција подолу со три бода и сè уште го чека првиот триумф во новата сезона во Премиер лигата.