Јасмин Мециновиќ во одбраната на Рудар Пљевља

Македонскиот дефанзивец Јасмин Мециновиќ во новата година ќе има нов клуб, затоа што направи трансфер во црногорскиот шампионат.

Мециновиќ, кој има 28 години и игра како стопер, кариерата ќе ја продолжи во редовите на Рудар Пљевља. Со тимот тој потпиша договор до крајот на сезоната, а во Црна Гора доаѓа од косовска Трепча.

Дефанзивецот пред да пристигне во Трепча, настапуваше уште и за Ал Неџмех, Мелака, Пелистер, Банантс, Ренова, Хоризонт Турново, Македонија Ѓорче Петров, Ломбард Папа, Егри, Сонгдал, ФК Тираспол, Шериф и Скопје.

Рудар во црногорскиот шампионат се наоѓа на осмото место и на паузата по 19 одиграни меча има 22 бода.