• Зоран Мишевски
Глобротерот на македонскиот фудбал има нов клуб. Јасмин Мециновиќ ја продолжува својата богата кариера во Косово. Феризај е новиот клуб на централниот дефеанзивец со акумулирано големо искуство во мак-фудбалот.
Мециновиќ во првиот дел од сезоната настапуваше за прволигашот Скопје, а професионален фудбал играше и носејќи ги дресовите на Струга Трим Љум, Ренова, Македонија Ѓорче Петров, Хоризонт Турново и Пелистер, клубови од Молдавија, Норвешка, Унгарија, Ерменија, Индонезија, Сингапур, Бангладеш, Иран и Црна Гора.
32-годишникот од Чачак настапуваше за младинските категории на македонската репрезентација.
Мециновиќ се обрвза на договор со Феризај до крајот на тековната сезона.