• Саше Љолес
Екипата на Стразбур покажа дека и оваа сезона ќе биде цврста екипа на домашен терен, совладувајќи го тимот на Ленс со конечни 2-1 во натпреварот од второто коло на француската Лига 1.
Гостите поведоа преку Флориан Товен во 38. минута од пенал, но Стразбур успеа со пресврт во второто полувреме да дојде до првиот триумф во новата сезона.
Мароканецот Гесим Јасин беше херој на домашниот тим. Постигна два гола и донесе огромна радост кај своите навивачи. Стрелаше прецизно во 48. и 85. минута, со што ги потврди првите три бода за Стразбур.
- Извештај од натпреварот:
Денешниот победник во следното коло ќе има гостување кај Троа, а Ленс ќе бара нова победа на домашен терен против Лориент.






