ВИДЕО: Јашаровски го замолкна Ереван, „лавовите“ израмнија против Алашкерт

МЃП гол

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров одлично го започнаа вториот дел на гостувањето кај Алашкерт. По првата сериозна акција израмнија и го изненадија домаќинот кој влезе многу несериозно во продолжението од натпреварот.

Нападот кој донесе погодок за „лавовите“ се случи во 52. минута кога Дејан Тантуровски одлично нафрли, а на вистинското место се најде Ален Јашаровски за да го совлада домашниот голман со глава.

Голот за израмнување на Јашаровски:

Претходно, ерменскиот тим поведе со прекрасниот погодок на Никита Танков.