Јасен сигнал од Барселона: „Би сакал да играм со Роналдо...“

Ракитиќ

Иднината на Иван Ракитиќ е поизвесна по неговата последна изјава во врска со Кристијано Роналдо. Хрватот ги игра последните месеци во каталонскиот гигант Барселона и налето ќе решава околу својата нова дестинација.

Многу веројатно е дека ќе се пресели во Италија, а Јувентус не крие дека би сакал да соработува со искусниот играч за врска. Како мало подгревање на шпекулациите доаѓаат зборовите на хрватскиот репрезентативец.

„Секако дека би сакал да играм со Роналдо, тој е еден од најголемите во историјата на фудбалот. Уживам да го гледам во Јувентус, а според мене Пјаниќ е еден од најценетите играчи на планетата“, изјави Ракитиќ.

Фудбалерот на Барса е проценет на 25 милиони евра, има 31 година и би бил одлично засилување за секоја екипа која ќе се одлучи за негов трансфер.