„Јас сум виновен - го извадив Ламела, а неговата замена одби да шутира пенал“

Манчестер сити беше подобар од Севиља во Суперкупот и така Пеп Гвардиола стигна до 36. трофеј во неговата тренерска кариера.

По овој успех, шпанскиот менаџер го надмина Романецот Мирчеа Луческу кој освои 35 трофеи, и само уште Сер Алекс Фергусон е потрофеен од него. Сепак, аплаузи заслужи и Хозе Луис Мендилибар, кој со Севиља лавовски се бореше, иако против себе имаше моќен ривал.

„Горд сум на мојот тим и на овој сребрен медал. Игравме против најдобрата европска екипа, тие доминираа во поголемиот дел, но ние пронајдовме начин да им се заканиме. Поведовме, Ен-Незири даде тежок гол, но потоа промаши што не се промашува.

Но, јас сум виновникот. Го повлеков од игра Ламела, мислејќи дека и Сусо ќе шутира пенал. Сепак, тој одби. Во спротивно Ламела ќе беше изведувачот“, објасни Мендилибар.

Севиља има само еден освоен Суперкуп на Европа, и тоа против Барса на Гвардиола во 2008 година. Потоа нанижа шест финалиња и шест порази. 

Состави

Пеп Гвардиола

4-2-3-1

    Francisco Javier Garcia Pimienta

    4-2-3-1