• Горан Упале

Седмото коло од Лига Европа започна со луд натпревар во Турција и поделба на бодовите на Галатасарај и Динамо Киев. Украинскиот претставник беше аутсајдер во турскиот „пекол“, но покажа карактер во финишот и го освои првиот бод оваа сезона (3-3).
Четата на Окан Бурак тргна моќно, и веќе по дваесет и една минута игра имаше водство од два гола. Колумбиецот Дејвисон Санчез погоди уште во шестата минута, додека комотни 2-0 донесе Бардакчи. Сепак, во самиот финиш од полувремето Динамо Киев ја врати неизвесноста на средбата и Ванат намали на 2-1, резултат со кој се замина на пауза.
Во вториот дел Виктор Осимен од пенал ја врати сигурната предност на домаќините, но на сцена стапи резервистот Јармоленко, кој со два гола и донесе голем бод на својот тим. На 3-2 намали во 68. минута, а на девет минути до крајот стрелаше за конечни 3-3.
Во следното коло Галатасарај гостува во Амстердам кај Ајакс, додека Динамо Киев ќе се судри со РФС Рига.