ВИДЕО: Јармоленко се врати на терен со погодок и прсна во плач за родната Украина

Андриј Јармоленко повторно заигра за Вест Хем, за првпат по долго време. Украинецот беше надвор од составот затоа што беше премногу вознемирен поради војната во неговата татковина, а доста емотивно го доживеа и кам-бекот на теренот.

На мечот против Астон Вила, Јармоленко успеа да погоди во мрежата на противникот во второто полувреме. По постигнатиот гол играчот прсна во плач, од жал за она кое се случува во неговата Украина.

  • Погодокот и прославата на Јармоленко:

Ова беше прв погодок за Јармоленко во Премиер лигата по месец јули 2020 година.

Состави

Дејвид Мојс

4-3-3

    Стивен Џерард

    4-3-1-2