Јармоленко го засили Вест Хем: Среќен сум што ќе играм во најсилната лига на светот

Најдобриот украински фудбалер по ерата на Андриј Шевченко, 28-годишниот Андреј Јармоленко по само една година ги напушти редовите на Борусија Дортмунд и во следната сезона ќе се натпреварува во Премиер лигата. 

Фантастичниот крилен фудбалер од денес е нов член на Вест Хем Јунајтед, на Мануел Пелегрини, кој ова лето е доста активен на трансфер пазарот. По промоцијата Украинецот изјави дека е среќен, што ќе има можност да се натпреварува во како што вели тој - најсилната лига на светот. 

„Среќен сум што ќе имам можност да играм во најсилната лига на светот. Вест Хем е голем клуб, има одлични навивачи и се надевам дека добро ќе се снајдам во оваа средина“, рече поранешниот фудбалер на Динамо Киев и Борусија Дортмунд.

Јармоленко со клубот од Лондон потпиша пет годишен договор, а Борусија Дортмунд инкасира 17,5 милиони фунти. За Вест Хем ова е второ големо засилување ова лето, откако пред два дена клубот го засили и Џек Вилшер.