ВИДЕО: „Јарците“ од Келн со пресврт-победа против Гројтер

Екипата на Келн го одбрани домашниот терен, беше подобра од Гројтер Фирт (3-1) и така ја прекина низата на нерешени средби во германската Бундеслига.

  • Извештај од натпреварот:

„Јарците“ на отворањето на седмото коло освоија три бода со пресврт и дојдоа до полн плен по три средби во низа кои завршија со резултат 1-1. Сепак, трендот на примање голови на секој натпревар продолжи - Келн ниту еднаш од стартот на Бундес не ја сочува мрежата недопрена.

За тоа се погрижи Мајерхофер од Гројтер, кој уште во 7. минута погоди по асистенција на Тилман и донесе изненадувачка предност за гостите. Потоа, Гројтер имаше две убави шанси да удвои, но не успеа, а казната за тоа стигна на стартот на вториот дел со два гола во пет минути (50. и 55. минута) на Андерсон и Скири. Пред крајот Скири со својот втор гол во 90. минута ги постави конечните 3-1.

Келн е шестопласиран во Бундеслигата и по седум кола има дванаесет бода, додека Гројтер е фенерџија со само еден освоен бод.

Состави

Steffen Baumgart

4-4-2

    Stefan Leitl

    4-4-2