ВИДЕО: „Јарците“ му дадоа пет гола на Кил и опстанаа во Бундеслигата

Екипата на Келн останува во Бундеслигата и следната сезона, затоа што во реваншот од баражот убедливо славеше над Холштајн Кил (1-5) и ја потврди фаворитската улога која му се доделуваше пред двомечот.

  • Извештај од натпреварот:

Првиот натпревар во Келн заврши со изненадувачка победа на гостинот (0-1), но во вториот дуел работите беа поинакви. Уште од првата минута „јарците“ знаеја што сакаат, па до крајот ја наполнија мрежата на противникот до самиот врв.

Резултатот се отвори во 3. минута, кога Келн дојде до предност преку Хектор, но радоста траеше само 60 секунди затоа што Ли-Јае-Сунг изедначи. Тоа само го налути гостинот, па со два гола на Андерсон ја врати позитивата, пред крајот на првиот дел Чикоз зголеми на 1-4, додека конечниот епилог го постави Шири во 84. минута.

За Келн следната сезона ќе биде трета по ред во германската фудбалска елита.