ВИДЕО: ЈАР има чудо од голман – фати четири пенали и ја одведе селекцијата во полуфинале

Фудбалската репрезентација на Jужна Африка е последниот полуфиналист на овогодинешното издание на Африканското првенство, откако во четвртфиналето во Јамусукр по пеналите беше елиминиран тимот на Зеленортските Острови со 2-1 (0-0, 0-0).

Во текот на 120-те минути игра немаше голови, а при ударите од единаесет метри, голманот и капитен на ЈАР, Ронвен Вилијамс стана вистински херој – затоа што одбрани дури четири удари на противникот. За Јужна Африка ова е четврти влез во полуфиналето на Африканскиот Куп на нации, а сите три претходни ги постигнаа во својот „златен“ период од 1996 година, кога на домашен терен ја освои и шампионската титула до 2000 година.

Од друга страна, ова беше четврти настап за Зеленортските Острови на завршниот турнир, вторпат тие се пласираа во четвртфиналето, но пак не успеаја да патуваат во полуфиналето. Во полуфиналето Јужна Африка ќе игра против Нигерија, која во петокот ја победи Ангола со 1-0.

Во второто полуфинале ќе играат домаќинот Брегот на Слоновата Коска, кој во саботата по продолженијата го совлада Мали со 2-1 и ДР Конго, кој во петокот ја победи Гвинеја со 3-1.