• Горан Упале
Ватару Ендо нема по добро да го памети првиот старт во Премиер лигата оваа сезона. Асот на Ливерпул на натпреварот со Сандерленд се здоби со тешка повреда, откако го скрши зглобот при едно расчистување во дефанзивата.
Но, и покрај големата болка, Јапонецот покажа за каков воин станува збор. Тој остана на нозе по корнерот на противникот и се бореше со домашните фудбалери, а откако беше прекината играта тој легна на земја. Лекарскиот тим брзо дотрча до него и откако се констатираше дека се работи за сериозна повреда од теренот беше изнесен на носилка.
Always there. Never complains. Lifts everyone up. We need more like him.
Absolute warrior Wataru Endo is. pic.twitter.com/EQ8384tHzg https://t.co/9t44UOijTN
— Tandy (@LFC_Tandy) February 12, 2026
Ендо уште еднаш покажа како треба да се бранат боите на својот клуб, и затоа има статус на херој кај навивачите на Ливерпул.











