Јапонскиот селектор стана хит: Уникатно даваше инструкции на првиот меч на СП (ФОТО)

Натпреварот меѓу Јапонија и Холандија на Светското првенство донесе интересен детаљ кој не остана незабележан од камерите и фудбалската јавност. Во текот на средбата, селекторот Хаџиме Моријасу беше уловен како на своите фудбалери им дава инструкции користејќи бела табла исполнета со бројки и шифри.

Според многумина, станува збор за посебен систем на кодови преку кој јапонскиот стручен штаб ги означува тактичките варијанти и движењата на теренот. На тој начин противниците не можат лесно да ги прочитаат пораките и плановите на Јапонците за време на натпреварот.

Фотографијата брзо стана вирална на социјалните мрежи, а иновативниот пристап на Моријасу предизвика бројни позитивни реакции. Дел од навивачите го споредија методот со системите кои се користат во американските спортови, каде што кодовите и шифрите одамна се дел од тактичката подготовка.