ВИДЕО: Јапонскиот Меси одушевува на тренинзите на Реал Мадрид! 

Младиот јапонски фудбалер Такефусо Кубо својата кариера ќе ја продолжи во лутиот ривал на Каталонците, Реал Мадрид.

Судејќи по првите тренинзи, „кралевите“ нималку не погрешија. Јапонскиот Меси, како што го нарекуваат во својата татковина, веднаш ги одушеви мадриѓани. 

Неговата техника е неверојатна, одлично се движи со топка, а знае и рутински да погоди. 

Кубо многу веројатно новата сезона ќе ја започне во редовите на вториот тим на Реал, Кастиља, која е предводена од легендата Раул Гонзалез.