„Јапонскиот Меси“ ќе дебитира на Копа Америка баш против шампионот

Само една репрезентација, Аргентина, има три титули по ред на Копа Америка, но тоа се случило скоро пред половина век. Сега, Чилеанците имаат голема шанса да го повторат тој подвиг. Колумбискиот стручњак на чилеанското кормило Реиналдо Руеда не сака да мисли на завршниот натпревар на „Маракана“, туку сите планови му се насочени кон Јапонија, првиот ривал во групата Ц.

„Има два збора во источната култура кои сакам да ги апострофирам и пред овој натпревар - респект и дисциплина. Можам да потврдам дека Аријас ќе биде меѓу стативите“, кратко се обрати новиот чилеански селектор на прес-конференцијата. 

Изненадувањето треба да биде Хозе Педро Фунзалида, кој за првпат е најавен во стартниот тим на едно големо натпреварување. 

Јапонскиот селектор ќе го фрли во „оган“ младиот Кубо, кој пред неколку дена потпиша за Реал Мадрид Кастиља и го нарекуваат уште „јапонскиот Меси“. Покрај него во нападот ќе бидат Оказаки и Накаџима. Неиграњето на Кагава е тешко надоместиво за селекцијата од земјата на изгрејсонцето.

КОНМЕБОЛ го делегира Парагваецот Марио Диаз де Вивар за главен судија на натптреварот.