ВИДЕО: Јапонија загуби од Полска, но дисциплината им донесе нокаут-фаза!

Репрезентацијата на Јапонија патува во осминафиналето на фудбалскиот Мундијал и покрај поразот од Полска (0-1) во рамки на последното коло од групната фаза на планетарниот настан во Русија.

Јапонците имаат ист број на бодови со Сенегал и иста гол-разлика, па одлучија жолтите картони и фер-плеј табелата, кои се повеќе на адреса на Полјаците. „Самураите“ одат понатаму како второпласирани и ќе вкрсат со Англија или Белгија, кои се последните два осминафиналисти, но нивната позиција во групата „Г“ е непозната.

Јапонскиот стручен штаб му даде доверба на Оказаки од првата минута, а прваа ѕвезда Кагава остана на клупата. Полскиот селектор Навалка го смени голманот и Фабианси го замени Шчешни. Први се заканија „сините“ и преку Муто и Јамагучи ги упатија првите закани, но голманот, кој од Свонси се пресели во Вест Хем, одлично одбрани.

Следеше ракција на Левандовси и другарите, а по половина час Гросицки со глава ја имаше најзрелата шанса, но ударот со глава, Кавагучи чудесно го одбрани на самата гол линија. Брзите Јапонци делуваа поконкретно, но и покрај седум удари кон голот во првиот дел, не обезбедија предност. 

Второто полувреме започна со контра нападот на Зјелински, но јапонскиот голман со пантерски скок стигна пред Левандовски до топката. По еден час игра, еден слободен удар од левата страна, го дочека Бендарек со нога го матира Кавагучи. Овој гол е првенец во дресот на националната репрезентација за дефанзивецот Адам Беднарек. 

Во 73. минута преку молњевита контра, Полјаците имаа нов зицер за втор гол, но Војнарек промаши 0-2. Од прекин Јапонците се заканија преку Јујо Осака, но неговиот удар со глава заврши крај дирекот. Во финишот на мечот играта се смири, Јапонците мудро тактизираа и не напаѓаа, ја чуваа топката во своите нозе, затоа што им одговараше и минимален пораз за нокаут-фаза.

Јапонија ќе игра во четвртото осминафинале на програмата, против победникот од групата „Г“, на 2 јули, на стадионот во Ростов.