• Саше Љолес
Јапонската репрезентација продолжува со одличните издание и ефикасните игри. „Самураите“ беа поуспешни во пријателскиот натпревар со Турција и славеa со убедливи 4-2.
Азиската селекција имаше многу повеќе од играта и сосема заслужено дојде до победата. Ова за Јапонија е втора победа во низа изразена со четири голови, откако пред само три дена ја совладаа Германија со 1-4 и „предизвикаа“ потрес во стручниот штаб на „Панцерите“.
- Извештај од натпреварот:
Првото полувреме на мечот со Турција беше возбудливо и ефикасно, а публиката просведочи четири погодоци. Јапонија водеше со 3-1 на паузата, а стрелци беа Ито и Накамура, кој постигна два гола. Озан Кабак го реализираше голот за турскиот тим, но посебно убав беше првиот гол на Ито, кој со прекрасен удар ја затресе мрежата од околу 18 метри.
Турците намалија на 3-2 преку Јилдирим во 68. минута, но Јапонија успеа да стави точка на победата со вториот гол на Ито, кој во 78. минута биеше прецизно од белата точка и ги постави конечните 4-2. „Самураите“ покажуваат дека имаат навистина силен тим и ќе бидат незгоден ривал за сите други репрезентации во блиска иднина.