ВИДЕО: Јапонија даде СЕДУМ голови за 17 минути, ја прегази Монголија со 0-14!

Репрезентацијата на Јапонија долго ќе го памети гостувањето кај Монголија, бидејќи на него дојде до втората највисока победа во историјата, со 0-14 (0-5). 

  • Извештај од натпреварот: 

Откако во првиот квалификациски натпревар меѓу двете селекции, Јапонците победија со 6-0, денес одиграа нов „луд“ меч против Монголците. Домаќинот парираше само 13 минути, кога падна и првиот гол на Такуми Минамино. До полувремето Јапонија поведе и со пет голови преку Осако, Камада, Морита и автогол на Туја. 

Гостите не запреа ниту во продолжението. Осако, Инагаки, двапати Ито и Фуранаши стрелаа до 80 минута за пробивање на „десетката“. Потоа, во 87, 91, 92 и 93. минута Фуранаши, Асано, Осако и Инагаки погодуваа за огромната победа на Јапонија. 

Интересно, на овој натпревар Јапонија можеше да даде уште многу голови, имаше вкупно 25 удари, од кои 24 беа во рамките на голот. Инаку, најголемата победа на Јапонците во историјата е од 1967 година, кога против Филипините победија со 15-0.