Јао Минг именуван за прв човек на кинеската кошаркарска федерација

Најдобриот кинески кошаркар на сите времиња Јао Минг е именуван за прв човек на кошаркарската федерација на  својата земја. 36-годишниот џин доби ново признание, откако едногласно беше избран на одобрување на целата јавност. 

„Треба да отпочнеме нов циклус, кој ќе ја зголемиме нашата виталност и влијание, и ќе донесеме нови идеи во организацијата“, рече Минг на прес-конференција во Пекинг.

Минг неодамна беше примен во „Куќата на славните“ на НБА, а дресот со неговиот број беше повлечен во Хјустон Рокетс. Кина се наоѓа на 14. место на светската ранг-листа на ФИБА.