Јани Атанасов замина од Краковија и потпиша со Пушча Ниеполомице

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов официјално продолжува во екипата на Пушча Ниеполомице, каде пристигува од екипата на Краковија

Атанасов сезонава настапи на само единаесет натпревари за Краковија и забележа една асистенција, а сега ќе се обиде да му помогне на тимот кој во моментов е на претпоследната позиција на табелата и сигурно ќе добива поголема минутажа. 

Пушча има 19 бода, два помалку од екипите кои се над опасната зона, а до крајот на првенството има уште тринаесет кола. Претходно во кариерата Јани Атансов го носеше дресот на Хајдук, Бурсаспор и Академија Пандев.