• Мартин Танасковски
Македонскиот плејмејкер Јани Атанасов е на излезна врата од Хајдук и кариерата ќе ја продолжи во друга земја, пишуваат медиумите од Хрватска.
Атанасов не беше дел од тимот на подготовките во Новиград и тоа е јасен знак дека се наоѓа на излезна врата од клубот. Хајдук ќе се обиде да реализира трансфер од којшто ќе добие, ако се земе предвид дека договорот на играчот му истекува ова лето.
Повремениот репрезентативец на Македонија е пред трансфер во Краковија од Полска, најсериозна и најзаинтересирана страна за него. Полскиот тим од Екстракласа лигата е подготвен да плати 200.000 евра.
23-годишниот Атанасов во Хајдук дојде во 2020 година од турски Бурсаспор, а претходно настапуваше и за Академија Пандев.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.