• Иван Димовски
Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов повторно е дел од Краковија, откако му истече позајмицата во Пушча Ниеполомице.
Играчот за врска минатата полусезона ја мина на позајмица во клубот кој заврши на последната позиција во полската Екстракласа. Атанасов одигра 11 натпревари за Пушча на кои постигна два погодоци, а откако тимот доживеа релегација Македонецот се враќа во Краковија.
Договорот на Атанасов во Краковија истекува во јуни следната година, а тој пристигна во клубот во 2023. Неговото заминување беше поврзано со претходниот тренер Давид Крочек. Сепак, клупата на Краковија во јуни ја презеде Лука Елснер, па Атанасов патува на подготовки во Варка и ќе се обиде да се наметне во тимот.
Јани Атанасов во својата кариера освен за клубовите од Полска играше уште за Хајдук, Бурсаспор и Академија Пандев.

