Јани Атанасов продолжува во Грција, потпиша со АЕЛ Лариса

Македонскиот фудбалски репрезентативец Јани Атанасов ја продолжува својата интернационална кариера во Грција. Денеска, 25-годишниот играч од средниот ред беше официјално промовиран како ново засилување на екипата на АЕЛ Лариса.

Клубот од централна Грција, кој важи за еден од најзначајните надвор од фудбалските центри Атина и Солун, потврди дека Атанасов потпишал договор со важност од две години.

„ФК АЕЛ со задоволство објавува потпишување на двегодишен договор со македонскиот репрезентативец Јани Атанасов,“ се наведува во официјалното соопштение од клубот.

Атанасов доаѓа во Лариса од полскиот прволигаш Краковија, каде што настапуваше последните две сезони. Претходно, тој ги бранеше боите на турскиот Бурсаспор, хрватскиот Хајдук Сплит и беше позајмен на полскиот тим Ниепломице. Кариерата ја започна во македонската Академија Пандев, од каде и направи чекор кон интернационалната сцена.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.