Јани Атанасов има нов клуб, потпиша со полска Краковија!

Репрезентативецот на Македонија, Јани Атанасов замина од редовите на Хајдук Сплит и е пред нов предизвик во својата кариера. 

Струмичанецот се договори со полската екипа Краковија. Атанасов пристигна во Полска, парафира договор на три ипол сезони и во форма на целосен трансфер за непозната сума го замени Хајдук со Краковија. Македонскиот играч за врска ја задолжи опремата со бројот шест и ќе се приклучи на тимот во наредните денови. 

Атанасов потекнува од школата на Академија Пандев, од каде во 2018 година се преселиво турска Бурсаспор. По две години, Хајдук од Сплит го доведе Атанасов во своите редови и тој ги бранеше клупските бои до оваа зима. За хрватскиот клуб, македонскиот репрезентативец одигра 69 натпревари, даде шест гола и запиша две асистенции, а сега е време за нов предизвик за Атанасов. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.