Јани Атанасов диригираше за Хајдук и се најде во тимот на колото

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов доби признание за изминатиот викенд и се најде во тимот на колото во хрватската ХНЛ-лига.

Хајдук Сплит на домашен терен беше подобар од Локомотива Загреб (1-0), а Јани Атанасов играше како заден играч за врска и одлично се снајде во таа улога. Го држеше средниот ред на „билите“ под контрола и имаше најдобра оценка.

Во тимот на колото доминираа играчи од Осијек, беа вкупно четири, а од Хајдук имаше тројца. Двајца се од Динамо Загреб, а по еден има од Локомотива Загреб и Ријека.