Јанг оди во Интер, Манчестер Јунајтед има нов капитен

Екипата на Манчестер Јунајтед во наредниот дел од сезоната ќе има нов капитен поради заминувањето на Ешли Јанг.

Дефанзивецот е пред преселба во Милано каде ќе го носи дресот на Интер. Поради тоа, Оле Гунар Солскјер мораше да бира нов капитен, па одлуката падна тоа да биде новодојдениот Хари Мегваер.

Мегваер пристигна на „Олд Трафорд“ пред нешто околу шест месеци, за 89 милиони евра. Тој веќе претходно ја носеше капитенската лента но беше заменик на Јанг.

Првпат како прв капитен Мегваер ќе игра на дерби-дуелот против Ливерпул в недела.