Јаневски се раздели со Енозис, македонскиот стручњак бара нов предизвик

Некогашниот тренер на Вардар и селектор на македонската репрезентација, Чедомир Јаневски се раздели со кипарски Енозис и во следната сезона нема да го го води овој клуб.

После една деценија, Јаневски во јануари се врати во кипарскиот фудбал, а откако федерацијата го прекина шампионатот и нема да има релегација од него, завршија обврските според договорот и на македонскиот стручњак.

Јаневски пред три години го одведе Вардар во групната фаза на Лига Европа, а потоа го водеше и клубот од Египет, Исмаили. 58-годишниот стручњак претходно ги водеше Бриж, Црвена Звезда, Етникос Ахна, Монс, Мускрон, Васланд Беверен...

Јаневски за време на пандемијата се врати во Белгија и очекува следен тренерски ангажман.