Јанакиевски по два месеци си замина од Грција и се врати во Тетекс

Македонскиот второлигаш Тетекс неочекувано доби уште едно засилување за остатокот од сезоната, откако во клубот се врати искусниот Иво Јанакиевски. 

Офанзивецот ова лето се реши за трансфер во странство и потпиша со Чалкис, но по само два месеци го раскина договорот со грчкиот тим и повторно ќе го облече дресот на тетовскиот клуб. 

Јанакиевски пред неколку дена седна на маса со челните лица на Тетекс и ги информираше дека одлучил да се врати во Тетекс, на што доби позитивен одговор и веќе од утринава им се приклучи на соиграчите и го одработи првиот тренинг.