• Саше Љолес
Екипата на Башкими го стартуваше пролетниот дел од сезоната во Втората македонска лига со важен триумф на гостувањето кај Охрид со конечни 0-2.
Охриѓани важеа за фаворити на овој дуел, но Башкими успеа да извлече позитивен резултат, а тренерот Баже Јанакиевски изрази големо задоволство од триумфот на неговиот тим.
„Ова беа многу важни бодови за добар старт на пролетниот дел од првенството. Влеговме максимално мотивирани во натпреварот и одигравме одлично против екипа која ретко губи бодови на домашен терен.
Охрид е квалитетен тим, па затоа упатувам големи честитки до моите играчи кои максимално ги извршија сите задачи и го исполнија сето она што беше договорено пред мечот. Бевме феноменални на тактички план и мислам дека заслужено победивме“, изјави Јанакиевски.
Башкими стигна до шестиот сезонски триумф и сега има 21 бод на своето салдо, а во следното коло ќе гостува во Прилеп, каде ќе ги одмери силите со екипата на Победа. Јанакиевски: Охрид ретко губи дома, ова се важни бодови за нас