ВИДЕО: Јамал немаше среќа, ВАР му поништи гол поради милиметарски офсајд

Реал Сосиедад ја шокира Барселона и со победа од 2-1 (1-0) директно му направи услуга на Реал Мадрид во трката за врвот во шпанската Примера. 

Каталонскиот тим немаше среќа на натпреварот во Сан Себастијан бидејќи во првиот половина час имаше два поништени гола. Првиот беше во седмата минута на Фермин Лопез поради прекршок од Дани Олмо врз Такефуша Кубо. 

  • Поништениот гол на Фермин Лопез: 

Од друга страна, вториот беше поништен поради офсајд позиција на стрелецот Ламин Јамал. Талентираното шпанско крило беше само неколку милиметри во недозволена позиција, иако се обиде да се врати пред дефанзивецот на Сосиедад. 

  • Поништениот гол на Ламин Јамал:

Во продолжението Ојарзабал донесе предност, а иако Рашфорд израмни бргу следуваше гол на Гуедес за победа.