Јамал „магијата“ ја доби од Меси: Фотографиите од пред 16 години станаа хит (ФОТО)

На социјалните мрежи неодамна се појавија стари фотографии од декември 2007 година, на кои Лионел Меси капе петмесечно бебе.

Фотографиите се создадени за добротворен проект на Барселона и весникот „Диарио Спорт“ и беа објавени во календарот за 2008 година. Приходите беа поделени на добротворни организации во Каталонија и УНИЦЕФ. Меси тогаш позираше со бебето по име Јамал.

Авторот на фотографиите Монфорт изјави: „Неверојатно е, тогаш никој не можеше да замисли кои асови ќе станат Јамал и Меси“.

Меси стана еден од најголемите фудбалери во историјата, додека Јамал синоќа влезе воисториските книги како најмлад стрелец на Европските првенства. Младиот Шпанец со само 16 години одушевува со своите игри и веќе е еден од најдобрите играчи во светот. Тој со својата Шпанија в недела ќе се бори за титулата европски шампион.