ВИДЕО: Јамал како Меси – лудо го издрибла цел тим на Алавес!

Ламин Јамал е најдобриот млад играч за изминатата година, а дека заслужено го носи тој епитет покажува од меч во меч, така и на последниот дуел со Алавес во Шпанија.

Тинејџерот на Барселона изведе луд потег кој е хит на социјалните мрежи. При една акција, младиот Шпанец го издрибла целиот тим на Алавес.

Потегот го споредија како оној на Лионел Меси во времето кога го носеше дресот на Барселона.