• Мартин Танасковски

Младиот шпански бисер Ламин Јамал продолжува да ги поместува границите и да испишува нови страници во историјата на шпанскиот фудбал. Со настапот во стартниот состав на Шпанија во осминафиналниот дуел против Португалија на Светското првенство, крилниот напаѓач на Барселона постави рекорд каков што досега не забележала шпанската репрезентација.
Јамал стана првиот фудбалер во историјата на „црвената фурија“ кој бил стартер на два натпревари од нокаут-фазата на Светските првенства пред да наполни 19 години. Претходно беше дел од почетниот состав и во победата над Австрија, а довербата што му ја укажува селекторот Луис де ла Фуенте само ја потврдува неговата сè поголема улога во националниот тим.
Покрај рекордот, натпреварот против Португалија донесе и симболичен судир на две генерации. Од едната страна беше Кристијано Роналдо, една од најголемите легенди во историјата на фудбалот, а од другата тинејџерот Ламин Јамал, кој сега веќе се наметнува како новото лице на шпанскиот фудбал.
Особено впечатлив е податокот дека кога Роналдо го постигна својот прв гол на Светските првенства во 2006 година, Јамал сè уште не беше роден. Две децении подоцна, младиот Шпанец застана на спротивната страна од својот идол и заедно со својата репрезентација успеа да го елиминира од Мундијалот.






