• Иван Димовски
Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал даде свое мислење околу фаворитската улога во Лигата на шампионите.
17-годишното крило смета дека неговиот тим котира највисоко според шансите за освојувањето на елитното европско натпреварување, особено по елиминацијата на Ливерпул.
„Ние сме фаворити за да ја освоиме Лигата на шампионите сега откако Ливерпул испадна. Не се плашиме од ниту еден противник. Ние сме семејство, не сме истиот тим што играше минатата година со ПСЖ“, вели младиот напаѓач.
Барселона во четвртфиналната фаза ќе се судри со Борусија Дортмунд, а победникот потоа вкрстува со подобриот од двомечот меѓу Баерн Минхен и Интер.