• Саше Љолес
Македонскиот прволигаш и поранешен шампион, Работнички, објави ново засилување, кое пристигнува од јамајканскиот клуб, Вотерхаус.
Се работи за 22-годишниот Ревалдо Мичел, кој настапува на позицијата лево крило и се очекува квалитетно да ја збогати ротацијата во средниот ред на „романтичарите“. Ова за него е прв ангажман во Европа.
Работнички неодамна потпиша договори со уште три засилувања за новата сезона, а тоа се Лука Робакидзе, Стефан Лазаревиќ и Михаил Димитриевски.
Дебармаалци ја започнаа новата авантура во ПМФЛ со минимална победа над Силекс (1-0).
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.