ВИДЕО: Јамајка и Курасао си поделија по бод за четвртфинале на Голд Купот! 

Фудбалските селекции на Јамајка и Курасао се патниците во четвртфиналето на Голд Купот од претпоследната група Ц. Двете репрезентации во последното коло стигнаа до посакуваниот бод, и тоа во меѓусебен натпревар кој заврши со 1-1. 

Јамајка преку Николсон уште во 14. минута поведе со 1-0, а кога се очекуваше крај на мечот, односно буквално пред последниот судиски свиреж Гери на асистенција на Бакуна испрати вистинска бомба за 1-1 и обезбеди историски пласман на Курасао меѓу осумте најдобри на овој собир. 

  • Извештај од натпреварот: 

Во вториот натпревар од третото коло од оваа група, Хондурас со 4-0 славеше над Ел Салвадор, но остана без понатамошен пласман, затоа што ова му беше прва победа во групата. Ел Салвадор пак со овој пораз застана на четири бода, но заради лошата гол разлика заврши на третото место на табелата веднаш зад Јамајка и Курасао кои имаат исто така по четири бода. 

  • Извештај од натпреварот: