• Саше Љолес

Атлетико Мадрид и Виљареал одиграа интересен натпревар во 21. коло на шпанската Примера, кој заврши со поделба на бодовите и конечни 1-1 (0-1).
- Извештај од натпреварот:
„Жолтата подморница“ поведе во првото полувреме со прецизно изведениот пенал на Џерард Морено во 29. минута, а избраниците на Диего Симеоне возвратија во вториот дел со голот на Бразилецот Самуел Лино, кој биеше прецизно во 58. минута по одличната акција на неговите соиграчи.
„Јорганџиите“ по израмнувачкиот погодок силно притиснаа, се обидоа дури осум пати во рамките од голот, но до крајот не успеаја да стигнат до комплетен пресврт и мораа да се задоволат со само еден освоен бод.
Атлетико Мадрид направи нов чекор наназад во битката со градскиот ривал Реал Мадрид и сега има 45 бода, еден помалку од „кралевите“ кои имаат и меч помалку.