ВИДЕО: Јалова доминација на „светците“, Ница храбро до реми со ПСЖ

Екипата на ПСЖ не ја оправда фаворитската улога и ремизираше со Ница (1-1) во последниот натпревар од седмото коло на француската Лига 1. 

Домаќините први се израдуваа на гол и успеаја да поведат преку Тунижанецот Али Абди, кој стрелаше во 39. минута и го постави резултатот на паузата. ПСЖ успеа да возврати по само седум минути игра во второто полувреме. 

Стрелец на голот беше Португалецот Нуно Мендеш и најави голема офанзива со над 70% посед на топката. Но, „светците“ во продолжение не успеаја да дојдат до пресврт и мораа да се задоволат само со реми. 

ПСЖ сега има 17 бода, два помалку од лидерот Монако, додека Ница е на деветтата позиција со девет бодови на своето салдо. Попладнево Ремс го надигра Монпелје со 4-2, Брест ја продолжи серијата победи и беше подобар од Авр со 2-0, а Стразбур и Ленс одиграа 2-2.