Јакини не е повеќе тренер на Палермо, Трајковски ќе се докажува кај Балардини

И покрај победата во 12. коло во Серија А, тренерот на Палермо, Џузепе Јакини не успеа да ја задржи својата функција во клубот. Раководството на Палермо денес одлучи да го избрка Јакини, заради лошата игра и слабите резултати, кои ги прикажува екипата на Палермо во првенството на Италија. 

Екипата на Палермо се наоѓа на 12. позиција од табелата со 14 освоени бодови и е многу блиску до зоната за испаѓање. Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски, по отказот на Јакини, шанса за повеќе минутажа ќе бара кај Давиде Балардини.

Претседателот на клубот, Маурицио Зампарини спасот од слабите резултати го гледа во Давиде Балардини, кој утре треба да биде официјално назначен за нов тренер на Палермо.