• Зоран Мишевски
Европската фудбалска унија (УЕФА) ја изврши ждрепката на групите за новата сезона во фудбалската Лига на нации. Македонија ќе игра во Б дивизијата заедно со репрезентациите на Шкотска, Швајцарија и Словенија.
Првите реакции се дека групата е компетитивна и непредвидлива. Претпазлив е и швајцарскиот селектор Мурат Јакин.
„Возбудлива е нашата група. Со Македонија ќе играме првпат. Тоа ќе бидат тешки дуели. Со Шкотска игравме на последното Европско првенство, со Словенија исто така добро се познаваме, Со нетрпение ги очекуваме натпреварите. Ќе се обидеме да докажеме дека местото ни е во А дивизијата“, рече Јакин.
Во првиот прозорец се предвидени дури четири средби во рок од две недели, додека во вториот прозорец ќе се играат преостанатите две кола. Првиот натпревар го играме дома против Швајцарија, додека групната фаза ќе ја затвориме со Словенија, исто така на домашен терен.

