Јакимовски ќе суди на „Чаир“, Величков го доби дербито меѓу Шкендија и Работнички

По згуснатиот распоред на Првата македонска фудбалска лига, оваа среда екипите им се враќаат на обврските од Купот на Македонија, за кога е закажани првите натпревари од четвртфиналната фаза. 

Едно од двете дерби се игра на „Чаир“, каде Дејан Јакимовски ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу Шкупи и Академија Пандев, додека на во Тетово на средбата меѓу шампионот Шкендија и Работнички на центарот ќе застане Боби Величков.

Во Струга домашната екипа ќе ја пречека Ренова, а ФФМ за овој натпревар го делегираше Гоцевски за главен судија, а на единствениот второлигашки дуел Ралевски ќе им суди на Брегалница и Лабуниште. Сите натпревари се играат в среда со почеток од 13:00 часот.