Јакимовски ќе ја дели правдата на дербито на „Чаир“, а Ецкоски на „Филип Втори“

Заради репрезентативната пауза и последните два натпревари на Македонија во Лигата на нации, 14. коло на Првата македонска фудбалска лига претрпи термински промени. 

Наместо в недела, нашите прволигаши ќе се судрат еден ден порано, а ФФМ веќе ги одреди арбитрите за сите пет натпревари. Очекувано најмногу внимание ќе привлече дербито на Скопје меѓу Шкупи и Вардар, а на овој меч правдата ќе ја дели Дејан Јакимовски. Исто така, доста неизвесно се очекува да биде и на „Филип Втори“, каде старт на мечот меѓу Работнички и Шкендија ќе означи Марјан Ецкоски од Охрид. 

Во Тетото ќе се сретнат Ренова и Победа, а на центарот ќе застане Марјан Гоцески. Во Кратово старт на мечот меѓу Силекс и Академија Пандев ќе означи Јосип Бартон, додека Маркоси го доби дуелот во Струмица меѓу Беласица и Македонија ЃП. Сите натпревари се играат в сабота од 13:00 часот. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкендијаШкендија 18 12 4 2 42:14 28 40
2 ВардарВардар 18 10 5 3 22:10 12 35
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 18 9 3 6 20:14 6 30
4 РаботничкиРаботнички 18 8 2 8 26:28 -2 26
5 ШкупиШкупи 1 18 6 5 7 16:19 -3 23
6 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 18 5 6 7 22:26 -4 21
7 РеноваРенова 2 18 5 6 7 19:24 -5 21
8 СилексСилекс 2 18 4 6 8 12:23 -11 18
9 ПобедаПобеда 1 18 5 2 11 14:24 -10 17
10 БеласицаБеласица 1 18 4 5 9 15:26 -11 17