Јакимовски го доби скопското дерби, Мечкаровски главен во Тетово

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку ждрепка ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата во рамки на 23. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Дејан Јакимовски ќе биде главен на скопското дерби меѓу екипите на Вардар и Шкупи кое ќе се игра во Маџари. Вториот поинтересен дуел, меѓу Шкендија и Работнички, ќе го суди Димитар Мечкаровски.

На натпреварот меѓу Победа и Ренова главен ќе биде Јован Качевски, додека на Македонија Ѓорче Петров и Беласица, дуел кој е од голема важност во борбата за опстанок, на центарот ќе биде Александар Ставрев. Мечот Академија Пандев - Силекс, му припадна на Марјан Ецкоски.

Сите натпревари од 23. коло во ПМФЛ ќе се играат на 16 март од 14:30 часот.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Шкендија 79Шкендија 79 23 15 5 3 48:16 32 50
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 23 13 3 7 28:17 11 42
3 ВардарВардар 23 12 6 5 26:16 10 42
4 ШкупиШкупи 23 9 6 8 24:22 2 33
5 РаботничкиРаботнички 23 9 4 10 30:33 -3 31
6 РеноваРенова 23 7 9 7 27:27 0 30
7 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 23 6 8 9 26:34 -8 26
8 СилексСилекс 1 23 5 9 9 16:28 -12 24
9 БеласицаБеласица 23 4 7 12 17:33 -16 19
10 ПобедаПобеда 23 5 3 15 17:33 -16 18