Јаја Туре по 12 години повторно ќе заигра во Грција, Сити го замени за Олимпијакос

Јаја Туре Грција

Илјадници грчки фанови го пречекаа Јаја Туре, кој по 12 години повторно ќе го облече дресот на Олимпијакос. 

35-годишникот беше топло пречекан од страна на фановите на грчкиот тим на „Караскаики“ оваа недела. Инспирирани од неговото доаѓање, идните соиграчи ја декласираа Јанина со 5-0.

Играчот за врска настапи во грчкото првенство во сезоната 2005/06, а го напушти Манчестер Сити по осум години како слободен агент.

Неговиот агент најавуваше неговото останување во Премиер лигата, но на крај му обезбеди трансфер во Олимпијакос, кој ја имаше најлошата сезона во поновата историја. Заврши на третата позиција, откако претходно освои 20 од вкупно 22 прволигашки титули.

Грците обезбедија пласман во Лига Европа по победата над Барнли од 4-2.