ВИДЕО: Јаховиќ стрелец, Малатијаспор поразена од лидерот Аланијаспор

Адис Јаховиќ продолжува со голови во дресот на Јени Малатија во турската Суперлига. Екипата на нашиот интернационалец загуби пред своите гледачи од Аланијаспор со 2-3. Јаховиќ погоди за 2-3, запишувајќи го својот втор сезонски гол, но не успеа да го избегне поразот.

Македонскиот напаѓач највисоко скокна и со глава ја закова топката во гостинската мрежа.

  • Голот на Адис Јаховиќ против Аланијаспор:

Со само три бода од исто толку натпревари, Малатијаспор се наоѓа во долниот дел на табелата на турската Суперлига.