ВИДЕО: Јаховиќ со изнуден пенал и победеносен гол го урна Трабзонспор

Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ продолжува со добри партии во дресот на Гeзтепеспор во турскиот шампионат. Македонецот вечерва беше стрелец и изнуди пенал во големата победа на неговиот Гезтепеспор против Трабзонспор со 3-2 (1-1).

Најнапред во 44. минута над него беше направена најстрога казна по која Џилас постигна гол за 2-1, а во 67. минута Јаховиќ го реши победникот со гол за 3-2. Оваа победа за Гезтепе е еден вид на изненадување, бидејќи Трабзонспорт многу се засили ова лето, а Куцка и Бурук Јилмаз беа донесени како големи засилувања.

Со по една победа, реми и пораз, Гезтепеспор се наоѓа на делба од седмото до деветтото место со 4 освоени бода.