• Горан Упале

Екипата на Малатијаспор за која настапува поранешниот македонски репрезентативец, Адис Јаховиќ, продолжува со одличните партии во турскиот шампионат.
На отворањето на денешниот ден во турската прва лига, Малатијаспор извојува уште една убедлива победа, овој пат над Кајзериспор со 4-0, а македонскиот голгегер повторно се запиша во листата на стрелците, откако во 77. минута од удар од 11 метри ја затресе гостинската мрежа за 3-0.
Голот на Јаховиќ против Кајзериспор:
За Јаховиќ денешниот гол беше негов осми во новата сезона на турската Суперлига, а прв по фантастичниот меч против Денизлиспор, на кој постигна четири гола.