ВИДЕО: Јаховиќ со два нови гола за Гезтепе му одговори на Ангеловски!

Адис Јаховиќ продолжи да игра во страшна форма во дресот на Гезтепе и даде два нови гола, но сепак, неговиот тим на крајот испушти победа, откако одигра 3-3 против Аланијаспор.

Јаховиќ повторно продолжи да тресе немилосрдно и на селекторот на Македонија, Игор Ангеловски, уште еднаш му одговори дека направи грешка што не му даде шанса да игра на дуелите против Италија и Лихтенштајн, потег кој го натера да си замине од репрезентацијата.

Првиот гол на средбата Јаховиќ го постигна во 41. минута, откако погоди со глава по еден изведен корнер, додека вториот погодок пристигна во 74. минута, за 3-1, кога прими топка во шеснаесетикот и биеше прецизно. Гезтепе имаше предност во 87. минута, а потоа гостинот преку Етаме и Фернанез изедначи на 3-3.

Јаховиќ со двата гола останува на врвот на листата на стрелци, со 11 постигнати погодока. Гезтепе, пак, е на второто место во турската Суперлига, веднаш зад Галатасарај.